Вардаровата генерација родени “2006“ го одиграа последното есенско коло во детската лига. Вардар (1) го потврди приматот “есенски“ шампион и по одигрување на ова коло. Тие денес за противник го имаа тимот Форца кој го победија со резултат 4:1.
Денес одличен натпревар одигра капитенот Дарко Сековски кој постигна хет-трик. Истиов играч прв се обиде од слободен удар, но голманот на Форца го брани неговиот удар. Вардарци брзо го отворија резултатот со погодок на Марко Николовски од некаде 15 метри, голгетерот на црвено-црните успешно стрела за водство 1:0. Денес на голот на оваа генерација беше малиот Лука Јаневски кој одлично го одбрани овој натпревар. Тој денес го замени стандардниот голман на оваа екипа, Андреј Данстак. Лука со одлична паради брани удар на противничките играчи и спречува гол во неговата мрежа. Следен кој се обиде беше Никита Патаровски кој бие од голема далечина кјра стативата од противничкиот гол. Вардар беше многу подобар на теренот, следуваа две шанси на Марко Николовски кои завршија покрај голот на Форца. Иницијативата ја крунисуваме со уште еден гол и тоа со удар од белата точка. Сигурен реализатор е Дарко Сековски за предност од 2:0. Врз истиов играч беше направен прекршкот, по кој судијата се реши да покаже на белата точка. Првото полувреме за вршува со резултат 2:0.
Во вториот дел следува нов одличен погодок на Дарко Сековски кој упатува силен удар, кој завршува под пречката од голот на Форца, за веќе убедливи 3:0 на овој дуел. Повторно нашиот капитен во шанса, но сега неговиот удар завршува над голот. Повторно Лука Јаневски ги покажува своите квалитети и брани уште еден силен удар. За да биде перфектен денот, Сековски се погрижи да постигне уште еден гол, кој беше негов хет-трик на овој меч за водство од 4:0. До крајот на натпреварот, противникот успева да постигне почесен гол и да намли на 4:1. Овој резултат се покажа како конечен на крајот.
По нив на теренот излезе Вардар (2) кој се сретна со екипата на Њу Старс. Тука противникот успева прв да го отвори резултатот со удар од белата точка и да поведе со 0:1. Во следните пет минути црвено-црните, кои успеваат да го израмнат резултатот на 1:1, преку авто гол на противникот. Вардар имаше шанса да поведе, но еден удар од нашите играчи завршува покрај голот на Њу Старс. Црвено-црните притискаа за водство, се обиде Данил Ордевски но неговиот удар завршува покрај голот. До крајот на првиот дел без посериозни прилики за двете екипа, па на полувреме се заминува со нерешен резултат 1:1. Во второто полувреме неколку шанси на двете страни, но сеуште резултатот стоеше непроменет. Сепак Вардар во последните минути од натпреварот успева да постигне гол и да поведе со 2:1. Стрелец на голот беше Максим Митревски за голема радост на Вардарци.
Со две победи оваа генерација на Вардар го заврши есенскиот дел од натпреварувањето. Вардар (1) со максимален број на освоени бодови стана есенски шампион.