Денес во градот Виница се одигра нов турнир во фудбалската “Јуниор“ лига. На него настапи и Вардаровата генерација, родени “2005“ година. Избраниците на Игор Кралевски одиграа два натпревари и на двата забележаа убедливи победи.
На првиот натпревар за противник ја имавме екипата Плачковица, која ја совладаа со резултат 6:0. Никола Величковски постигна хет-трик, додека по еден гол им припаднаа на Филип Радевски, Ѓорѓи Дошев и Давор Лефковски.
На вториот меч се сретнавме со тимот на Фудбал Старс од Кочани. Овој дуел го добивме со резултат 4:2. Повторно одлична игра на младите Вардарци и хет-трик за Никола Величковски. Еден гол беше дело на Горјан Цветков.
После добрите игри и максималниот број на освоени бодови во детската лига, младите надежи на Кралевски остварија две победи и во јуниор лигата, што говори за добрата форма на оваа генерација.
Покрај ова се одиграа уште два натпревари на кои беа постигнати следниве резултати:
Плачковица Радовиш – Слога Вардар Виница 4:2
Фудбал Старс Кочани – Слога Вардар Виница 3:1