Кадетите на Фк Вардар на убедлив начин го започнаа пролетниот дел од сезоната, со висока победа против екипата на Пелистер. Натпреварот кој се играше на теренот на локомотива заврши со победа на црвено-црните со резултат 9:0. Ердон Даци погоди четири пати, Дарко Додевски и Јасир Беќири по два гола. Во листата на стрелци се запиша и Есмин Личина кој постигна еден гол.
-После победата над Металург ние добивме уште поголема доверба во себе дека сме инфериорни. Како што било секогаш и ќе биде, Вардар-Пелистер е дерби во Македонија. Ние влеговме мотивирани на мечот како и секогаш. Гостите во првите пет минути се обидоа нешто да направат по нашиот гол, но благодарност на добрата одбрана не се случи ништо. Потоа ние го отворивме резултатот со голот на Личина од пенал. Следуваа мои три гола за уште поголемо водство. По една акција и центар шут од лево Беќири даде гол.
Уште по првото полувреме беше јасно кој ќе ги освои трите бода од овој меч, кој требаше да биде дерби, но според резултатот не беше така.
-Како течеше натпреварот, ние бевме уште помотивирани за победа. Со головите на Додевски заврши првиот дел со резултат 7:0. Така започна и второто полувреме, со уште два погодоци во мрежата на противникот, мое дело и на Јасир.
Избраниците на Љ.Марковски продолжуваат со одличните игри, тие се единствените без пораз сеуште и единствените кои викендов забележаа победа против големиот ривал.
-За денешниот натпревар голема заслуга има нашиот тренер, кој одлично ја постави екипата, како и сите мои соиграчи кои доследно ги извршувавме дадените задачи. Така покажавме кој е Вардар во дербито. Ние не застануваме тука, одиме уште појако кон титула. Не чека долг пат, но мислам дека сме на вистинскиот кон титулата, изјави Ердон Даци за нашиот сајт.
Звонко Ивановски