Добрата игра на Вардарци против Рајн-Некар не остана незабележана од страна на ЕХФ која смести двајца наши играчи во идеалниот тим на седмото коло во лигата на шампиони. Црвено-црните го надиграа шампионот на Германија на нивни терен, а голема заслуга за тоа имаат Кањелас и Циндриќ, кои воедно беа и најдобри стрелци во нашиот состав. Шпанскиот репрезентативец сигурно го одигра најдобриот натпревар во дресот на Вардар и со 10 голови го предводеше својот тим до многу важна победа. На моменти кога немавме идеја во нападот тука беше Кањелас да упати удар кој завршуваше позади грбот на Апелгрин. Тренерот Гонзалес направи мало изненадување што се однесува до позицијата среден бек, каде целиот меч го одигра брзиот и пробивен Циндриќ. Германците немаа решение за него, кој знаеше често да направи проблеми за нивната одбрана. Лука на крајот постигна 7 голови и целосно го замени Карачиќ кој беше на клупата.
Вака изгледа идеалниот тим на колото во ЛШ:
Голман: Перез де Варгас (Барселона)
Пивот: Лудовик Фабрегас (Монпеље)
Десно крило: Алберт Рокарс (Ла Риоха)
Десен бек: Рамазан Доне (Бешикташ)
Среден бек: ЛУКА ЦИНДРИЌ (ВАРДАР)
Лев бек : ЖОАН КАЊЕЉАС (ВАРДАР)
Лево Крило: Уве Генсхајмер (ПСЖ)