Шпанскиот репрезентативец во дресот на Вардар одигра одличен натпревар против екипата на Рајн-Некар и во победата учествуваше со десет свои гола, со кои беше и најдобар стрелец на натпреварот кај двете екипи. Тој беше вистински лидер на тимот на овој натпревар и постигна неколку одлични голови. Еден таков се најде во изборот на ЕХФ за пет најдобри во изминатово коло.
Вака изледа листата на ТОП 5 најдобри голови во седмото коло:
1. Олафур Гудмундсон (Кристијанштад)
2. Стипе Мандалиниќ (ППД Загреб)
3. Домагој Дувњак (Кил)
4. Жоан Кањељас (Вардар)
5. Тео Деро (Нант)
ТОП-5-те голови за ова коло во лигата на шампионите можете да ги погледнете ТУКА.