Највисоката победа во ова коло од генерациите на Вардар,ја забележаа Фк Вардар У 16.Тие на домашен терен им нанесоа тежок пораз на своите врсници од Х.Турново,забележувајќи победа од 9:0.На овој натпревар по четири пати во листата на стрелците се запишаа Марко Ѓоргиевски и Јакуп Бериша,а еднаш и Ѓорѓи Зафировски.
-Знаевме дека Турново се како послаба екипа,но не ги потценивме.Уште на почетокот на натпреварот постигнавме гол од пенал за рано водстсво.До крајот на првиот дел уште шест пати ја тресевме мрежата на противникот.Второто полувреме се отпуштивме малку и рутински го доведовме мечот кон својот крај.Најважно е што продолжува нашата победничка серија,изјави Марко Ѓоргиевски за нашиот сајт.
03.11.2014
Звонко Ивановски