Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Три победи,и еден пораз за генерациите на Фк Вардар во 9 коло од младинската лига.
Три победи,и еден пораз за генерациите на Фк Вардар во 9 коло од младинската лига.

Три победи,и еден пораз за генерациите на Фк Вардар во 9 коло од младинската лига.

-Екипата на Фк Вардар У16 продолжува со имресивните игри и победи и во ова коло од првенството.По воведните две кола и порази на оваа генерација,во продолжение од првенството и купот,незнаат за пораз веќе долго време.Овој викенд нивна следна жртва беше екипата на Дрита,кои на свој терен доживеаа висок пораз од црвено-црните.Мечот заврши со резултат 0:7 за Вардар.Стрелци на головите беа:Јакуп Бериша(2),Кренарт Дардиша(2),Виктор Пешевски,Марко Ѓоргиевски и Елвир Рамиќ.

-Единствениот пораз од генерациите на Вардар во ова коло,го забележаа момците на Ане Андоновски.Тие на гостински терен беа поразени од екипата на Дрита со резултат 3:1.Единствениот погодок за Вардар го постигна Андреј Скендерски.

-Фк Вардар У18 забележаа нова победа во првенството.На теренот на Локомотива,пукна петарда во мрежата на противничката екипа.Хет трик постигна Есмин Личина,по еден гол постигнаа Ердон Даци и Јасир Беќири.

-Највисоката победа во ова коло,ја постигнаа младинците на Вардар.Екипата на Дрита беше таа што на крај замина со наведнати глави.Конечниот резултат гласеше 8:0 за црвено-црните.Кристијан Апостоловски и Енсар Сулејмани постигнаа хет трик,а два гола постигна и Сабахудин Аломеровиќ.

Во следното коло,Вардарци се сретнуваат со врсниците од Шкупи.

10.11.2014

Leave a Reply