Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Игор Кралевски: “Јуниор“ лигата како проект е само почеток на создавање млади талентирани играчи, кои во иднина би имале важна улога во Вардар и Македонската репрезентација
Игор Кралевски: “Јуниор“ лигата како проект е само почеток на создавање млади талентирани играчи, кои во иднина би имале важна улога во Вардар и Македонската репрезентација

Игор Кралевски: “Јуниор“ лигата како проект е само почеток на создавање млади талентирани играчи, кои во иднина би имале важна улога во Вардар и Македонската репрезентација

Во неделата на теренот на Академијата се одигра завршен турнир од есенскиот дел во фудбалската “Јуниор“ лига. На него настапија четири возрасни генерации, родени “2004“, “2005“ , “2006“ и “2007“ година. Вардаровите екипи одиграа со најдобрите состави од останатите регионални школи кои се дел од лигата. Можевме да видиме многу таленти собрани на едно место, кои се бурно следени од тренерите кои работат во младинските екипи на ФК Вардар. Нашиот клуб е единствен во земјава кој дојде до идеја да реализира проект наречен “Јуниор“ лига, кој би ги обединил сите фудбалски школи од цела Македонија. Целта е да им се даде шанса и простор на сите деца кои покажуваат желба за овој спорт да ги покажат своите играчки способности и квалитети кои ги поседуваат. Еден од тренерите кој работи во младинските категории на ФК Вардар е Игор Кралевски кој е предводник на генерацијата родени “2005“ година. Во следново интервју ќе можете да го прочитата неговото мислење за “Јуниор“ лигата, колку истата има значење за клубот и воопшто Македонскиот фудбал и какви се плановите на челните луѓе со оваа лига.

vardarfans

-Сигурно дека “Вардар Јуниор лигата“ дава голема можност за децата надвор од Скопје да го покажат сиот свој потенцијал и талент и еден ден да станат дел од академијата на фудбалскиот клуб Вардар. Проект кој е уникатен и единствен на овие простори, кој го одвојува Вардар како клуб во однос на сите други како најголем спортски бренд во Македонија. Вардар по примерот на многу европски клубови кои се врв во своите земји размислува како да го унапреди и позитивно да влијае во развојот на Македонскиот фудбал. Сигурно дека овој проект е само почеток во создавање на млади талентирани играчи, концетрирање на квалитетот на исто место и селектирање кое ќе доприносе квалитетот да излезе на површина.

1

Вардар како најголем спортски бренд во земјава работи на создавање играчи кои во иднина би биле “столбот“ на клубот, како и на Македонската фудбалска репрезентација. Во моментов во фудбалскиот клуб Вардар тренираат повеќе од 450 деца.

-Значењето на Вардар како водечки клуб во создавање на млади играчи е од огромно значење. Тоа е клуб кој дал и дава многу репрезентативци, како во минататото така и сега. Со еден збор претставува столб на репрезентацијата. Затоа овој проект наречен “Јуниор“ лига не е само од огромно значење за Вардар, туку и за целокупниот фудбал во Р. Македонија. 

18

Секој викенд се играат натпревари од “Јуниор“ лигата во различни градови и од различни возрасни генерации. Може да се следи континуитетот на екипите и напредокот кај играчите, кои се дел од лигата.

-Добивката од една ваква лига е тоа што во континуитет можеш да ја следиш формата на децата, како истите напредуваат на секој нареден тренинг и натпревар. Исто така како се снаоѓаат на терен за време на играта, кој е најбитен елемент во фудбалската игра. Поентата на “Јуниор“ лигата не е само дружење туку и создавање на играчи кои во иднина би имале голема важност за Вардар и Македонската репрезентација. Вардар како клуб работи на тоа поле уште од најмала возраст и ги учи децата да го сакаат клубот и да се борат за неговите бои.

vardarfans-vasilij

Во првата сезона на “Јуниор“ лигата осум деца од останатите регионални школи се препознаени како квалитетни и прекомандувани во младинските екипи на фудбалскиот клуб Вардар. Следењето на потенцијални квалитетни играчи продолжува и во новата сезона, каде веќе тројца играчи преминаа во Вардаровите генерации. Таков е случајот со голманот на генерацијата родени “2005“ година, предводена од тренерот Кралевски.

-Од почетокот на лигата има повеќе деца кои преминаа во младинските екипи на ФК Вардар. Поконкретно за мојата генерација, дечиња родени “2005“ година има од школата на ФК Прилеп. Се работи за голманот Василиј Мариновски кој несомнено располага со високи предиспозиции, поседува квалитет кој во иднина треба да се надоградува и прераснува во одличен голман. Ова надежно момче го земавме точно пред 4 месеци од фудбалската школа на Прилеп. Тоа се деца кои во иднина треба да бидат во повозрасните екипи на нашиот клуб и да станат дел од Вардар, изјави Игор Кралевски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски