Заврши есенскиот дел од сезоната за втората кадетска екипа на ракометниот клуб Вардар. Избраничките на Драгана Ристова и Билјана Пецевска по првиот дел од сезоната се третопласирани во кадетската лига од групата 1. Одиграа пет натпревари на кои забележаа три победи и два порази. Имаме втор најдобар напад во групата со вкупно 122 постигнати, додека примивме 113 погодоци.
Сите резултати на кадетките на Вардар по завршување на есенскиот дел од сезоната:
1 коло: Вардар – Вардар- Неготино 33:12
2 коло: Вардар – Металург 18:30
3 коло: Делчево - Вардар 24:25
4 коло: Вардар – Велкова 5 26:21
5 коло: Куманово - Вардар 26:20
Листата на најдобри стрелци во оваа екипа ја предводи Стефанија Ѓорѓиевска која е најдобар стрелец со 21 постигнат гол. Второто место е за Андреа Седлоска која запиша 17 погодоци, додека трета на оваа листа е Сара Миновска со 15 голови.
Стефанија Ѓорѓиевска
Ова е ТОП-7 на најефикасни ракометарки кај кадетките на РК Вардар:
1. Стефанија Ѓорѓиевска 21
2. Андреа Седлоска 17
3. Сара Миновска 15
4. Ангела Гроздановска 13
5. Мими Петковска 13
6. Ангела Костовиќ 12
7. Јана Донева 8