Во сабота ќе биде одиграно последното есенско коло во детската фудбалска лига за генерации родени “2005“ , “2007“ и “2008“ година. Натпревари ќе имаат и Вардаровите екипи од овие генерации. Најмладата Вардарова генерација “2008“ во минатото коло го имаше првиот нерешен резултат во дербито со Форца. Избраниците на Зоран Петковски од ФК Вардар (1) генер. “2007“ и на Игор Кралевски од генер. “2005“ ќе се обидат со победи да останат со максимален број на освоени бодови во лигата.
Ви го претставуваме распоредот на одигрување мечеви за генерациите на ФК Вардар.
-ФК Вардар (2) генер. “2005“ – Албарса 12:00
-ФК Вардар (1) генер. “2007“ – Фортуна 12:00
-ФК Вардар (2) генер. “2007“ – Металург 14:00
-ФК Вардар генер. “2008“ – Шкендија Арачиново 11:15