Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Здравка Дамовска: “Вардар Јуниор лигата“ е одличен проект каде децата видоа можност да продолжат да учат и да ја развиваат ракометната игра
Здравка Дамовска: “Вардар Јуниор лигата“ е одличен проект каде децата видоа можност да продолжат да учат и да ја развиваат ракометната игра

Здравка Дамовска: “Вардар Јуниор лигата“ е одличен проект каде децата видоа можност да продолжат да учат и да ја развиваат ракометната игра

Во овој период актуелни се натпреварите и возбудувањата од втората сезона на ракометната “Јуниор“ лига. Продолжува успешно да фунцкионира овој проект на ракометниот клуб Вардар кој е од голема важност за сите дечиња кои сакаат да се занимаваат со ракомет и во иднина се гледаат како големи играчи во овој спорт. “Јуниор“ лигата им овозоможува континуирани натпревари преку кои се стекнуваат спортски навики за игра, желба и докажување на теренот. Главната придобивка од лигата е можност да бидат избрани на селекцијата за преминување во младинските екипи на Вардар. Честа да се биде дел од ракометната академија на Вардар која им ги нуди сите поволности на школите од цела Македонија е и РК Кастратовиќ која работи исклучиво со девојчиња, со кои работи тренерот Здравка Дамовска. Во наредново интервју Дамовска ќе не запознаа со историјата на школата, нивниот начин на работа, мислењето за проектот “Јуниор“ лига и резултатите на нејзините екипи.

-РК Кастратовиќ веќе 14 години е успешен бренд кој работи со деца. Зоран и Индира Кастратовиќ ги наметнаа правилата за работа уште од основањето на школото. Кога јас станав дел од РК Кастратовиќ секогаш и до ден денес гледам да се придржувам на тие правила. Спортско однесување, добра соработка со децата, комункација со децата и родителите, дисциплина и добар тренинг. Ја сакам рaботата што ја работам, и секогаш учам. На секоја нивна победа се чувствувам горда, но и секој пораз ме погодува, правиме анализа да видиме каде се грешките. Треба да се земе во предвид дека мојата работа е со деца и освен улогата на тренер мојата работа бара и улога на педагог.

15208007_10209183185311396_737526723_n

РК Кастратовиќ во моментов располага со 80 дечиња, но како што вели тренерот Дамовска оваа бројка континуирано расте, а голема заслуга за тоа има секако “Јуниор“ лигата.

-Бројката на членови моментално изнесува 80 деца, но таа е варијабилна бидејќи постојано пристапуваат нови членови, а истакнатите поединци преминуваат во селектираните селекции на РК Вардар.

Оваа ракометна школа со две свои генерации и тоа девојчиња се натпреварува во лигата кои покажуваат задоволителни резултати. Победничкиот менталитет започнува да преовладува кај сите учесници во лигата, кои сакаат да се надигруваат и да го покажат својот квалитет.

vardarfans-damovska-zdravka

-“Вардар Јуниор лигата“ е одличен проект каде децата видоа можност да продолжат да учат и да ја развиваат ракометната игра. Ланската сезона настапувавме со генерација 2002/2003 го освоивме второто место и јас лично сум многу задоволна. Оваа година исто настапуваме со 2002/2003 и за прв пат со 2004/2005. Генерално девојките многу напредуваат во “Јуниор лигата“, сакаат да се натпреваруваат, што е најважно борбениот дух е присутен. Нормално радоста и тагата се присутни, но тоа е составен дел од секој спорт.

Досега се одиграа четири кола во новата сезона на “Јуниор“ лигата.

-Завршено е веќе четвртото коло. Од дебитанската екипа 2004/2005 моментално се лидери на табелата, и очекувам да ја задржат таа позиција.  Со девојките 2002/2003 имаме две победи и два пораза, и нормално нема откажување. Термините за тренинг се оддржуваат во О.У. Блаже Конески во населбите Аеродром и во Маџари О.У Наум Наумовски – Борче.

Звонко Ивановски