Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Преглед на полусезоната за помладите пионери на ФК Вардар, седмо место на табелата со задржани шанси за трофејот
Преглед на полусезоната за помладите пионери на ФК Вардар, седмо место на табелата со задржани шанси за трофејот

Преглед на полусезоната за помладите пионери на ФК Вардар, седмо место на табелата со задржани шанси за трофејот

Заврши есенскиот дел од сезоната во првенството на младинските фудбалски категории, а ние правиме преглед на полусезоната за помладите пионери на фудбалскиот клуб Вардар. Избраниците на Сашо Јанев втора последователна сезона се натпреваруваат во истава возрасна генерација, откако минатата сезона за само еден бод им “побегна“ шампионската титула. За разлика од есенскиот дел на минатата натпреварувачка сезона, каде имавме 10 победи, еден нерешен резултат и без ниеден пораз, тоа не е случај и оваа година. Оваа генерација на ФК Вардар е пласирана на седмото место по финишот на есенскиот дел, со вкупно 17 освоени бодови. Забележавме пет победи, на два пати одигравме со нерешен резултат, додека на четири натпревари нашите противници излегуваа како победници во меѓусебните дуели. Постигнавме 20 голови, додека примивме 17 погодоци. Стартниот пораз во првото коло од екипата на Академија Пандев не најави добро продолжение на полусезоната. Оваа генерација речиси игра со идентичен состав како и минатата сезона, но некако “коцките“ не се поклопија во новата натпреварувачка сезона. Најлошиот период за црвено-црните беше од 6-8 коло кога имавме три последователни порази, а меѓувреме испаднавме и во националниот куп. Полека беше преброден тој лош период, па во последните три кола полека се враќавме и потсетувавме  на оној Вардар од минатата сезона. Иако не победивме во Тетово против Шкендија одигравме одличен натпревар и само среќата беше фактор што не заминавме со три бода од ова тешко гостување. Сепак домашниот тримф со Шкупи најави дека тој нерешен резултат со Шкендија не бил случаен, па тимот од Чаир со наведнати глави си замина од нашиот терен. Со победа за подигнување на самодовербата го завршивме есенскиот дел, откако во последнотго коло славевме на гостувањето против Ренова со двата гола на Ибрахим Ариф.

Ова си сите постигнати резултати за нашите помлади пионери по одигрување на првиот дел од сезоната:

1 коло: Академија Пандев – Вардар  2:0

2 коло: Вардар – Пелистер   3:2

3 коло: Милано – Вардар 0:0

4 коло: Вардар – Победа  5:0

5 коло: Брегалнца – Вардар  1:4

6 коло: Вардар – Гостивар  1:2

7 коло: Работнички – Вардар  4:0

8 коло: Вардар – Металург  1:3

9 коло: Шкендија – Вардар  1:1

10 коло: Вардар – Шкупи  3:2

11 коло: Ренова – Вардар  0:2

Во купот беме елиминирани уште во првата рунда од екипата на Милано. Противникот беше посреќен во пенал рулетот, откако натпреварот во регуларниот дел заврши со нереѓен резултат 2:2.

Куп 1/16: Вардар – Милано  2:2  ( пенали 1:3).

Иако се наоѓаме на седмото место, борбата за титулата не е невозможна мисија за Вардарци, кои имаат само шест бода помалку од лидерот, екипата на Металург. Вака изгледа табелата по одигрување на 11 првенствени кола.

1. Металург   23

2. Шкендија  21

3. Работнички  20

4. Пелистер  19

5. Шкупи  18

6. А. Пандев  17

7. Вардар   17

8. Гостивар   16

9. Брегалница  11

10. Победа  10

11.  Милано  10

12. Ренова   1

 Што се однесува до листата на стрелци кај Вардар неа ја предводи Ибрахим Ариф кој има постигнато 8 голови.