Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Петковски за Вардар Фанс: Знаеме колку на навивачите им значи двојната круна и се надевам дека оваа сезона ќе ги израдуваме и ќе ја оствариме целта
Петковски за Вардар Фанс: Знаеме колку на навивачите им значи двојната круна и се надевам дека оваа сезона ќе ги израдуваме и ќе ја оствариме целта

Петковски за Вардар Фанс: Знаеме колку на навивачите им значи двојната круна и се надевам дека оваа сезона ќе ги израдуваме и ќе ја оствариме целта

Вардарци со една “нога“ се веќе полуфиналисти во купот на Македонија, откако на вчерашниот прв натпревар од четврфиналето убедливо го победија тимот на Металург. Се беше решено во првото полувреме, кога црвено-црните имаа водство од 0:4. Асани, Николов, Попов и Петкоски успешно стрелаа во противничката мрежа, за значајна предност на реванш натпреварот кој ќе се игра на домашен терен. Вардарци бргу го “преболија“ поразот од екипата на Работнички и на успешен начин се вратија на победничките патеки. Стрелецот на четвртиот гол за Вардар во триумфот против Металург за нашиот сајт ги сподели впечатоците од овој прв меч од 1/4 на купот.

-Со оглед на случувањата на неделниот натпревар кој на жалост не заврши добро за нас, на куп мечот со Металург влеговме максимално мотивирани, концентрирани и тргнавме пред време да го решиме победникот на овој дуел. Иако пред себе имавме имавме млада екипа и незгоден противник кој е подготвен за надигрување уште од стартот тргнавме офанзивно кон голот на Металург за што поубедливо да го добиеме мечот. Најголем дел од работата ја завршивме во првото полувреме, кога имавме водство од 0:4. На тој начин си обезбедивме висока предност пред реваншот кој ќе се одигра на арената “Филип втори“.

97a

Во недела Вардар ги очекува нов натпревар во ПМФЛ против “незгодната“ екипа на Ренова. Да потсетиме дека првиот натпревар во Тетово заврши со нерешен резултат 0:0.

-Претстојниов викенд не очекува натпревар во првенството против Ренова, на кој мораме да победиме а дуелот со Работнички го оставаме позади нас. Знаеме колку на навивачите им значи двојната круна и се надевам дека оваа сезона ќе ги израдуваме и ќе ја оствариме целта, изјави Петар Петковски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски