Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! Видео од “жетвата“ на успеси во сезоната 2016 на вардарецот Завировски Петре
АТЛЕТИКА! Видео од “жетвата“ на успеси во сезоната 2016 на вардарецот Завировски Петре
Богата “жетва„ сезонава..

АТЛЕТИКА! Видео од “жетвата“ на успеси во сезоната 2016 на вардарецот Завировски Петре

Тој е млад атлетичар дел од АК Вардар, некои мислеа дека е слабо до средно талентиран за овој спорт, дека ќе биде просечен и незабележителен атлетичар. Долго се трудеше, но успехот секад беше чекор преднего. Сепак тој има една неверојатна карактеристика УПОРЕН е како лав, вредно работи на себе како мравка, и не се одкажува. Додека сите одмараа летото и користеа одмори, посетуваа плажи тој неуморно трчаше, вежбаше. Дојде есента Завировски “есплодираше“ , сите други на трките го гледаа неговиот грб, ја голтаа прашината од неговиот галоп, галоп кон врвот. Се победи првин себеси, а веднаш одкако успеа во тоа ги победи сите “шампиони“ , покажа дека вербата и трудот се најважни за успех, покажа дека “црвено-црното“ срце е поважно од се, дека нема лимит за него. Полека почнува да се насетува олимписки мирис… Вака ја оценува Петре оваа сезона, во дното на текстот погледнете видео од истата.

petre-podium

Завировски на врвот од подиумот

Солиден прв дел од сезоната и фантастичен втор дел. Во период од Август до Ноември станав сосема друг тркач. На сето тоа претходеше пеколно лето со многу силен интензитет на тренинзите. Во овој период успеав да поставам најдобри резултати во кариерата на 3.000 и 5.000 метри. На два пати го подобрив резултатот на полумаратон. Најбрзи трки на 5км и 10км улични. Најбрза трка во кариерата на 2 милји. Најдобра трка во кариерата на крос кантри. Конкурентност и доминација. По двегодини повратено место во репрезентацијата на Македонија и настап на Балканско првенство во крос кантри. Во првиот дел од сезоната имав сосема коректни настапи. Потоа доминација, медали и победи!

ТВ Гостување

ТВ Гостување

Следеше и мое гостување во Полн Погодок. 99% беа позитивни коментари и критики. Нормално 1% кои кренаа прашина. Веројатно од страв дека некој ќе биде над нив. Не се грижете не се натпреварувам со вас. Моите цели се многу повисоки. Од се срце им благодарам на луѓето кои ме поддржуваат. Потребна ми е вашата поддршка. Оваа сезона за мене заврши. Следната сезона ќе сум многу посилен тркач. Се гледаме на трките следната сезона. До тогаш напорно ќе работам за силен напредок. Благодарам до моите верни Вардар Фанс и Полн Погодок. Поздрав до легендата ТРПЕ МАРТИНОВСКИ. Спортски поздрав до сите- завршува Зафировски.

petre-0