Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Се возобновува Регионалната ракометна лига!

Се возобновува Регионалната ракометна лига!

Одлична вест за Вардарки. По неколку години пауза, повторно ќе биде активирана регионалната женска ракометна лига (ВРХЛ). Од ЖРК Вардар го понудиле ова, а останатите екипи го прифатиле. Четирите најдобри екипи од регионот се состанале во Подравка и се договориле повторно да се возобнови оваа ВРХЛ лига.

Покрај нашиот тим, оваа сезона ќе настапат и Будуќност, Крим и Подравка. Во период од јануари до април треба да се одиграат четири турнири, каде секоја екипа по еднаш ќе биде домаќин. Домаќин на првиот турнир во новата сезона ќе биде Подгорица на 15 и 16 јануари 2017 година. Дополнително ќе биде одреден распоредот на играњето, но планирано е секој да игра со секого. Вардар ќе биде домаќин на последниот турнир, што воедно треба да биде и Ф4 турнир меѓу најдобрите. Тој е планиран за крајот на април, на 29 и 30 во Скопје.