Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар се вицешампиони по завршување на првиот дел од сезоната. Избраниците на Сашо Тодоровски се второпласирани по одигрување на 11-те кола, со само еден бод заостанување зад лидерот и екипата на Шкупи. Идентична беше ситуацијата и во есенскиот дел од минатата натпреварувачка сезона, кога двете екипи беа на првите две места на табелата со истата бодовна разлика како и во овој момент. Црвено-црните одлично ја започнаа сезоната, а како увертира беше освојување на традиционалниот турнир “Скопје куп 2016“. Се до одигрување на петтото коло победувавме и бевме со максимален број на освоени бодови. Тогаш следуваше гостувањето во Штип против екипата на Брегалница, која прва успеа да ни одземе бодови. Иако имавме голем број на шанси и удар од белата точка кој не го реализиравме, на крајот се помиривме со поделба на бодовите. Овој резултат не не обезхрабри, Вардарци во следните три првенствени кола незнаеа за ништо друго освен победа. Се функционираше во играта на нашите пионери и навидум лесно ги добивавме мечевите. Во меѓувреме ја поминавме и првата пречка во националниот куп. Во рамките на десеттото коло следуваше гостување во Тетово против екипата на Шкендија,натпревар кој го загубивме минимално со 1:0. На тој дуел игравме без Антовски, Битиќи и Стојановски кои беа со репрезентацијата на квалификационен турнир во Италија. Во овој период се случи и заминувањето на голгетерот Марко Ѓорѓиевски, па можеби овие фактори беа причина за првиот неуспех во сезоната. Во следното коло следеше уште едно дерби за Вардарци против директниот конкурент екипата на Шкупи, кое за жал го загубивме со резултат 1:3. Овој пораз значеше и губење на првото место на табелата. Во последното есенско коло се вративме со победа и тоа убедливо на гостувањето во Тетово, против екипата на Ренова. Значи осум победи, еден нерешен резулат и два порази за нашите млади надежи во есенскиот дел. Постигнавме 26 голови, додека примивме 9.
Ова се сите постигнати резултати на Вардаровите пионери, по завршување на есенскиот дел од сезоната:
1 коло: Академија Пандев - Вардар 2:4
2 коло: Вардар – Пелистер 1:0
3 коло: Милано - Вардар 0:3
4 коло: Вардар – Победа 4:1
5 коло: Брегалница – Вардар 0:0
6 коло: Вардар – Гостивар 5:1
7 коло: Работнички – Вардар 0:1
8 коло: Вардар – Металург 2:0
9 коло: Шкендија – Вардар 1:0
10 коло: Вардар – Шкупи 1:3
11 коло: Ренова – Вардар 0:5
Во националниот куп се пласиравме во полуфиналето, а интересно е што до тука на два пати дојдовме преку удари од беалта точка. Најпрво во 1/8 го елиминиравме тимот на Металург, откако во регуларниот дел натпреварот заврши со резултат 1:1. Посреќни во пенал рулетот и со 5:4 го елиминиравме тимот на железарница. Со идентичен резултат (1:1) завршија и двата натпревари од 1/4 против екипата на Шкендија. Реваншот се играше на академијата, па откако повторно одигравме со овој резултат се пристапи на удари од белата точка. Тука како “херој“ се покажа Методија Велковски, кој одбрани два удари и го одведе Вардар во полуфиналето.
Саит Битиќи е најдобар стрелец во есенскиот дел со 7 постигнати голови во двете натпреварувања, додека еден помалку или 6 има Јакуп Бериша.