Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вујачиќ му донесе победа на РК Вардар Јуниор, во една возбудлива завршница во дуелот со Радовиш
Вујачиќ му донесе победа на РК Вардар Јуниор, во една возбудлива завршница во дуелот со Радовиш

Вујачиќ му донесе победа на РК Вардар Јуниор, во една возбудлива завршница во дуелот со Радовиш

Денес во спортско рекреативниот центар Кале се одигра натпревар во рамките на супер лигата. Екипата на РК Вардар Јуниор во возбудлива завршница и со подобра игра во второто полувреме го победи тимот на Радовиш со резултат 24:22

Од самиот старт на натпреварот екипата на Радовиш беше во предност. Вардарци првиот гол го постигнуваат во четвртата минута преку Вујачиќ за единственото израмнување во првите 30 минути. Поранешниот играч на црвено-црните, Влатко Јовчевски во 5 минута го носи тимот на Радовиш во водство од 1:3. Оваа разлика од два гола за гостинската екипа се одржуваше се до 17 минута кога при резултат 5:7, противникот успева да постигне четири последователни голови за во 22 минута да има највисоки 5:11. Тренерот на Вардар, Стојан Петрушевски се обидуваше со тајмаут да ги смири своите момци, таков еден момент вроди со плод, кога постигнуваме два гола во серија преку Симиќ и Стојковски и намалуваме на 7:11. Сепак Радовиш ја враќа онаа наша мини серија и со нов гол на Јовчевски ги враќа најголемите шест гола предност (7:13). Сепак до крајот на првото полувреме успеваме да го намалиме водството и со голот речиси во последната секунда на Мартин Манасков на одмор да заминеме со резултат 9:13.

Многу подобро го отвараме вториот дел и по пет минути игра успеваме да ја преполовиме негативата и да стигнеме до само два гола заостанување, нашиот пикер Ангелов погодува за 12:14. Имавме можност преку Мартин Поповски да намалиме на еден гол негатива и тоа со удар од седум мтери, но противничкиот голман Паунов успева по трети пат да спречи седмерец на црвено-црните. Сепак истиов играч погодува во следната акција од контра напад за резултат 15:16. Во тој момент веќе фативме приклучок и повторно се вратија надежите дека можеме до крај да стигнеме до победата. Филип Ивановски стигна до нова одбрана и ни овозможи напад за израмнување. Успеваме во тие намери и со голот на Вујачиќ стигнуваме до второ израмнување на натпреварот (17:17). Денес голманот на Радовиш, Паунов е нерешлива енигма за Вардарци, што се однесува до ударите од седум метри. Нов промашен удар на Поповски, наместо да израмниме, гостите успеваат да поведат со 17:19. Симиќ и Вујачиќ се најрасположени наши играчи во последните десет минути од натпреварот кои носат ново израмнување на 20:20. Ивановски брани кога е најпотребно, тоа го искористуваме преку Манасков за прв пат на мечот да поведеме со 21:20. Крилото Стојковски пропушта убава можност да зголеми на плус два, наместо тоа голамнот Паунов го брани неговиот удар и во наредниот наапд неговите соиграчи погодуваат за ново израмнување. Вујачиќ ги презема работите во свои раце и со својот петти гол го враќа Вардар во водство од 22:21. Истиов играч е стрелец и на последниот гол на Вардар, кој беше доволен за победа. Конечниот резултат гласеше 24:22.

Ристо Вујачиќ беше најефикасен со 7 голови, додека Манасков постигна 5. Ова беше втора победа за избраниците на Петрушевски во супер лигата.