Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Рајн Некар се “губи” кога играме одбрана 5-1
Рајн Некар се “губи” кога играме одбрана 5-1

Рајн Некар се “губи” кога играме одбрана 5-1

Вардар знае како да игра против Рајн Некар. Четата на Раул доколку го запре и на овој натпревар најдобриот играч на Рајн Некар и организарот на играта Шмид, тогаш со сигурност ќе го добиеме овој натпревар. Нешто слично беше и на натпреварот во четвртокот во Германија, најдобриот играч на германците, играчот во кој се вртат сите работи во Рајн Некар во Германија не успеа да постигне ниту еден погодок, а згора на се, ниту асистенциите не му одеа од рака.

Се чини дека Раул го има рецептот за овој играч. Кога Вардар игра со одбрана 5-1, тогаш Шпит е многу неопасен кон голот на противникот, а тоа не го користат бековите на тимот. Говори и податокот дека на тој натпревар најдобар стрелец во тимот беше нивниот крилен играч Сигурдсон со седум погодоци. На натпреварот во Германија освен исланѓанецот беше расположен за голови само нивниот бек Петерсон, но неговите шест голови беа премалку бидејќи немаше поддршка од другите шутери. Очекуваме Вардарци и на овој натпревар да ја играат одбраната 5-1. Дефинитивно оваа одбрана ни носи резултати против бундеслигашите.