Денес на теренот на академијата, Вардаровата генерација родени “2003“ година го одиграа последното есенско коло во регионалната скопска лига. Противник на црвено-црните беше екипата на Куманово, а нашите млади надежи очекувано славеа со убедлив резултат од 11:3.
Тренерот Трајановски го стартуваше натпреварот во следниот состав: Сејди, Мешковски, Марковски, Сељанац, Давидовски, Петрушевски, Андрески, тојановски, Пашариковски, Прелоговски, Мирков.
Уште во првата минута ја погодивме пречката од голот на Куманово, Стојановски Влатко немаше среќа во ударот кој заврши во пречката. Гостинската екипа сепак прва го отвори резултатот и успеа да поведе со 0:1. Грешка и невнимание во нашата одбрана, еден од противничките играчи излегува сам со нашиот голман кој го лобува за водство од 0:1. Сепак радоста на Куманово не траеше долго време и само после пет минути успеваме да го израмниме резултатот на 1:1. Од десната страна нафрлена топка, на неа наиде Лео Андрески кој со нога ја смести топката во голот. Истиов играч можеше набрзина да псотигне нов гол, Мирков нафрли од десната страна со глава биеше Андрески, но топката ја погодува стативата. Вардар беше во целосна офанзива кон противничкиот гол, се обиде и Прелоговски, но овој пат брани голманот. Шанса и за капитенот Давидовски кој со глава биеше покрај голот на Куманово. Во продолжение од мечот следи нов гол на Лео Андрески, овој пат од скратен корнер бие прецизно за водство на црвено-црните од 2:1. До крајот на првото полувреме уште три гола во противничката мрежа, дело на Александро Прелоговски за веќе убедливи 5:1. Со овој резултат се замина на полувреме.
Во првите пет минути од вториот дел, голема шанса за Вардарци, но повторно пречката е сојузник за Куманово. Пашариковски биеше, но среќата не не посака. Нова голеада следиме на најдобриот напаѓач кај оваа генерација на Вардар. Прелоговски денес одигра одличен натпревар и следиме два негови погодоци за резултат 7:1.
Во продолжение од мечот во листата на стрелци се запишува нововлезениот Абдула, одличен гол за овој играч кој биеше силно, топката удри во пречката и голманот ја внесе во голот, за предност веќе од 8:1. На голот во вториот дел застана Гоце Јовчев, кој имаше една одлична одбрана при удар на противнички играч. Продолжуваме да го полниме голот на Куманово, следен кој погодува е Антонио Мирков за водство од 9:1. Куманово успева да постигне и втор гол во нашата мрежа и да намали на 9:2. Црвено-црните не застануваат сакајќи да постигант повеќе голови во противничката мрежа. Во листата на стрелци се запишува и Петар Давидовски за резултат 10:2. Опуштени од високата предност, противникот успева да намали на 10:3. Во второто полувреме, тренерот Трајановски им даде шанса за настап на сите играчи кои му беа на располагање. Нов погодок, хет трик на овој меч за Лео Андрески и водство од 11:3. Овој резултат беше конечен на крајот.
Вардар стигна и до десетта победа од исто толку одиграни натпревари и со максимален број на освоени бодови стана есенски шампион во регионалната лига во својата возрасна генерација.