Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2005 есенски шампион со максимален број на освоени бодови
ФК Вардар генер.2005 есенски шампион со максимален број на освоени бодови

ФК Вардар генер.2005 есенски шампион со максимален број на освоени бодови

Денес на теренот на ФФМ се одигра меч од детската лига во кој ФК Вардар (2) генерација “2005“  на Игор Кралевски  со победи  стигна до максимален број на освоени бодови во лигата по крајот на овој есенски дел. Тие триумфираа во последниот меч пред зимската пауза. Фотогалерија од овој меч може да погледнете на нашиот сајт- тука.
2005b
ФК Вардар (2) генеренерација  “2005“  лесно се снајде во мечот со  Албарса каде однесе победа со 4-0 (1-0).  Тргнавме офанзивно од првата минута, поседот во првите минути беше целосно во наша сопственост.  Одлично исолира Симеон Здравковски од десно , исфрли одлично некоку играч нафрли до Никола Величковски кој ефектно погоди за 1-0. Потоа имаше шанса Филип Јовановски кој одлично шутна но сепак голманот на Албарса исфрли со крајни напори во корна. По изведување на таа корна правиме уште една која е 3-та, добиваме казнен удар. Серафимов Давор силно го изведува пеналот сепак голманот го брани и останува 1-0. Шансите наши се постојани до крајот имаме шанса преку Влатко Кулуковски кој шутна крај голот. До крајот има две прилики Филип Јовановски првин од слободен удар шутира крај голот, а потоа од игра голманот му брани прекрасен удар, иако имавме 90% посед во првиот дел заминавме на одмор со 1-0.

2005a

Во вториот дел прва прилика имаше Албарса која шутна крај гол, веднаш потоа дојде нашиот втор гол на мечот. Стрелецот на првиот гол Никола Величковски погодува повторно зголемувајќи на 2-0 за нас. По вториот гол повторно имаме голем посед постојано ја држиме топката, тренерот Кралевски успеа да направи колектив кој постојано ќе игра со кратки и брзи додавања, и ќе биде опасен во текот на цел меч. Двојниот стрелец пропушта шанса за трет гол тој во соло продор шутира крај голот. Две шанси пропушта Ѓорѓи Дошев,  а прилика има и Пројковски . Голема прилика имаме и преку Симеон Здравковски, неговиот удар голманот го брани. Трагаме по трет гол постојано кој доаѓа од казнен удар по три корни. Филип Јовановски погодува силно, ефектно, доле десно по земја за 3-0. Троен стрелец денес е капитенот  Никола Величковски кој со удар од дистанца од над 15 метра ефектно погоди за 4-0, резултат со кој ќе заврши мечот. По овој гол тренерот Игор Кралевски менува неколку играчи и голман давајќи шанса на целиот ростер кој го имаше на располагање.

2005c

Капитенот Никола Величковски стрелец на 3 гола.