Пионерите на ракометниот клуб Вардар стигнаа до нова победа во својата група, откако денес на гостувањето во Гостивар ја победија истоимената екипа со резултат 12:23.
Домашниот тим прв го отвори резултатот, но црвено-црните вратија со три последователни голови за водство од 1:3. Игравме стандардно добро, како во одбраната така и во нападот и во текот на целото прво полувреме имавме водство. Во два наврати имавме три голови предност (3:6) и (5:8), што беа и највисоки во првиот дел. Ова водство го одржувавме во текот на првиот дел и на одмор заминавме со резултат 7:9.
Решавачкиот чекор кон победата го направивме на самиот старт на второто полувреме, кога направивме серија од 0:4 и се одлепивме резултаски од противникот (7:13). До крајот на натпреварот само ја зголемувавме предноста. На десет минути пред крај на мечот имавме високи 10:17 по што беше познат победникот на овој дуел. Последмиот период од играта беше само рутина за нашите надежи, кои на крајот издвојуваа победа со единаесет голови разлика 12:23.
Ова беше последно есенско коло во оваа натпреварувачка сезона. Со овој триумф се пробивме на второто место на табелата, со освоени 19 бодови. Во наредниот период следат подготовки за најголемиот меѓународен турнир во Брчко, на кој ќе учествуваат и избраниците на Андријана Будимир. Истиот ќе се одигра од 16-19-ти декември.