Вечерва во спортскиот центар “Јане Сандански“ се одигра нов натпревар од лигата на шампионите. Нашиот РК Вардар како домаќин за жал беше поразен од тимот на Рајн – Некар со резултат 26-29 (15:15). Со овој пораз се компликува нашата група, со победа Кјелце ќе дојде на првото место на табелата, а ние ќе паднеме на второто.
Мечот први со гол го отворија играчите на германскиот тим на Рајн Некар кои поведоа со 0-1, веднаш ние одговараме преку Марсениќ со гол за изедначување, 1-1. Во шесттата минута резултатот на семафорот во “Јане Сандански“ е реми 2-2. Гостите играат во напад со седум играчи, без голман што го користиме за лесни голови и поведуваме со 3-2. Игра гол за гол во продолжение, во 10 минута е 5-5, краде и во контра иде Дибиров кој забива за 6-5. Следуваат минути на гостите кои со серија 2-4 поведуваат 8-9 во 15 минута, Штербик во тие моменти му го остапува местото на Милиќ-Џамбо. Тежок меч со два тима кој се борат за секоја топка гледа скопската публика во продолжение, успеваме да го преземеме водството во продолжение правиме серија 5-2, и со “бомбата“ на Боразан во 23 минута поведуваме со 13-11. Тоа донесе прекин на мечот, односно германската клупа побара минута одмор поради консултации. Тие успеваат со два последователни гола да го изедначат мечот, резултатот беше во 26 минута 13-13. Црвено-црните вратија со иста мера и поведоа со 15-13 на три минути до крајот на првиот дел. Германиците успеаа до крајот на првиот дел да изедначат на 15-15, резултат со кој се замина на одмор.
Вториод дел започна со погодок на гостите и водство од 15:16. Серијата на погодоци ја продолжи Ларсен за плус два за гостите. Следуваше пад на играта во нашите редови. Во 36 минута Рајн Некар дојде и до три голови разлика што беше и највисока предност за гостите. Мораеш ја прекина серијата на гостите со гол за 17:19. Во 39 минута Циндриќ погоди за минус два. Ларсен продолжи со одличната партија и во 42 минута му донесе нови три плус на својот тим. Следен кој погоди за нашиот тим беше Кањељас со неговиот четврти гол денеска дојдовме до нови минус два во 45 минута од мечот. Тешката игра на Вардар продолжи и во продолжението од мечот. Во 47 минута нашиот тим имаше негатива од дури четири голови. Во 50 минута Рајн Некар дојде и до плус пет 20:25. Во 51 минута Стоилов конечно доби шанса на овој натпревар. Следуваше гол на Борозан за некаква надеж дека нема да бидеме поразени на овој меч. Во 54 минута од мечот Рајн Некар дојде до 21:27. Следуваше нов гол на Борозан, но разликата на гостинот беше преголема за овој натпревар да го однесеме во неизвесна завршница. На три минути до крајот резултатот беше 24-28, немавме сила за чудо и бевме поразени со 26-29.