Saturday ,04 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Продолжуваат победите за пионерите на РК Вардар, избраниците на Будимир победија на гостувањето во Гостивар
Продолжуваат победите за пионерите на РК Вардар, избраниците на Будимир победија на гостувањето во Гостивар

Продолжуваат победите за пионерите на РК Вардар, избраниците на Будимир победија на гостувањето во Гостивар

Пионерите на ракометниот клуб Вардар стигнаа до нова победа во својата група, откако денес на гостувањето во Гостивар ја победија истоимената екипа со резултат 12:23.

Домашниот тим прв го отвори резултатот, но црвено-црните вратија со три последователни голови за водство од 1:3. Игравме стандардно добро, како во одбраната така и во нападот и во текот на целото прво полувреме имавме водство. Во два наврати имавме три голови предност (3:6) и (5:8), што беа и највисоки во првиот дел. Ова водство го одржувавме во текот на првиот дел и на одмор заминавме со резултат 7:9.

15240159_692104370964867_1529846534_n

Решавачкиот чекор кон победата го направивме на самиот старт на второто полувреме, кога направивме серија од 0:4 и се одлепивме резултаски од противникот (7:13). До крајот на натпреварот само ја зголемувавме предноста. На десет минути пред крај на мечот имавме високи 10:17 по што беше познат победникот на овој дуел. Последмиот период од играта беше само рутина за нашите надежи, кои на крајот издвојуваа победа со единаесет голови разлика 12:23.

Ова беше последно есенско коло во оваа натпреварувачка сезона. Со овој триумф се пробивме на второто место на табелата, со освоени 19 бодови. Во наредниот период следат подготовки за најголемиот меѓународен турнир во Брчко, на кој ќе учествуваат и избраниците на Андријана Будимир. Истиот ќе се одигра од 16-19-ти декември.