Пионерките на РК Вардар со максимален број на освоени бодови го завршуваат есенскиот дел од сезоната. На денешното гостување, избраничките на Ристова и Пецевска славеа убедливо во дуелот со екипата на РК Лихнид. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 11:27.
Уште од самиот старт најавивме дека противникот нема што да бара на овој меч, поведовме со 0:2 и како течеше натпреварот константно ја зголемувавме предноста. На средината на првото полувреме имавме водство од 3:8, за момент домашниот тим намали на 4:8, но до крајот на првото полувреме, Вардарки прават серија од 1:5, за на полувреме да имаме високи седум голови предност (6:13).
Продолживме со серијата погодоци и во второто полувреме, кога постигнавме четири последователни голови, за веќе да стигнеме и до двоцифрена предност (6:17). Разликата во квалитет беше очигледна на страната на Вардар, кој ниту во еден момент не покажа слабост. До крајот нашата предност растеше, за на крајот да биде изразена со резултат 11:27. Кај нас најефикасни беа Мирјана Петковска со 4 гола и Стефанија Ѓорѓиевска со 3 погодоци.
Ова беше петта победа од исто толку одиграни натпревари за нашиот состав, со што завршивме на првото место во својата група, по завршување на есенскиот дел од сезоната.