КК Вардар во рамките на 11 коло од третата кошаркарска лига со “фенерџијата“ тимот на Феникс оствари убедлива победа со 46-94. Вардарци во овој меч “гостуваа“ во сопствената сала во Кале . Со оваа победа 8 по ред избија на лидерското место во лигата и речиси сигурно обезбедуваат влез во втората Македонска кошаркарска лига.
За тимот на Црвено-црните на овој првенствен меч настапија Андриевски, Миновски, Конзулов, Робев, Шалев, Нацевски, Петровски, како и тренер-играчот Ѓорѓи Кочов . Кошаркарите на Вардар во текот на цел меч ја контролираа и зголемуваа разликата .За жал Нацевски се здоби со повреда на едно од забивањата . Комбат 87 навивачката група на Кошаркарскиот клуб Вардар и овој првенствен меч беа повторно присутни и дадоа целосна подршка во ова нова победа на Вардарци .Тие исто така најавуват за последното коло дома кога ќе се слави влезот во втората лига најавуваат вистинска навивачка фешта.