Вардаровиот голман, Страхиња Милиќ имаше одлично издание на нашиот гол во дуелот со екипата на Киелце. Иако црвено-црните го загубија натпреврот, голем “траг“ на овој дуел остави Милиќ кој имаше неколку одлични интервенции. Стандардно после завршување на секое коло, ЕХФ го избира идеалниот тим, а во него заслужено се најде и “Џамбо“. Тој натпреварот со Киелце го заврши со 13 успешни интервенции, три од нив беа од седум метри.
За да биде избран за играч на колото во ЛШ, гласајте на следниов линк ТУКА.