Пет играчи на Вардар ќе учествуваат на двата репрезентативни кампови кои ги организираат поранешниот тренер на ФК Вардар, а денешен на репрезентацијата до 21 година Благоја Милевски и селекторот на А репрезентацијата Игор Ангеловски.
Во сениорскиот репрезентативен камп од нашиот им се најдоа голманот Филип Гачевски, потоа, играчите од средниот ред Дарко Велковски и Бобан Николов. Во младинскиот камп на Милевски ќе учествуваат Есмин Личина (капитенот на младинците на Вардар) и Петар Петковски. Кампот ќе биде одржан од 9 до 14 декември.