Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Мавсар и Лазовиќ донесоа триумф за Словенија, Лакрабер и Лејно до втора победа на ЕП во Шведска
Мавсар и Лазовиќ донесоа триумф за Словенија, Лакрабер и Лејно до втора победа на ЕП во Шведска

Мавсар и Лазовиќ донесоа триумф за Словенија, Лакрабер и Лејно до втора победа на ЕП во Шведска

Продолжуваат настапите за Вардаровите ракометарки со своите репрезентации на Европското кое во овој период е актуелно во Шведска.

Лакрабер и Лејно со Франција стигнаа до втора победа на мундијалот, овој пат во дуелот со селекцијата на Германија. Сепак избраничките на Биглер подобро го отворија натпреварот, каде имаа водство од 5:1. Сепак како течеше првиот дел, Франција полека но сигурно ја топеше предноста на Германија и до полувреме успеа да го израмни резултатот на 11:11.

vardarfans-francija

Сепак во вториот дел работите си дојдоа на свое место, Франција на стартот постигнува четири последователни голови и зголемува на 11:15. Лакрабер со гол го отвори второто полувреме, а продолжи Дембеле. Својот прв погодок во овој дел од мечот Германија го постигнува во 37 минута. Оваа предност Франција ја одржува до крајот на мечот и во 45 минута има водство од 14:18, со вториот гол на Лакрабер. За момент се закани Германија кога на десет минути пред крај намали на 17;19, но Франција постигна два нови гола и зголеми на 17:21. Со нов гол на две минути пред крај Лакрабер нови предност од 18:22. До крајот Германија намалува за достоен пораз од 20:22. Лакрабер постигна 3 гола, додека Лејно во 20 минута поради мала повреда го напушти голот на Франција.

Словенија направи големо изнеандување со победата против домашната селекција која ја совлада со резултат 25:23. Во првите 15 минути Шведска имаше водство, кое не беше поголемо од два гола разлика,4:2 и 6:4 но избраничките на Урош Брегар веднаш го израмнуваа резултатот. Во 18 минута, Словенките стигнуваат до прво водство од 8:9, додека во следниот напад Барбара Лазовиќ погодува за 8:10. До крајот на првиот дел, домаќинот успева да поведе со 11:12, но на полувреме ниедна од репрезентациите немаат водство и на одмор се заминува со нерешени 13:13.

vardarfans-lazovic

Во вториот дел повторно се игра гол за гол на двете страни. Словенија успева повторно да се одлепи на два гола разлика, па со погодоците на Мавсар и Грос зголемува на 15:17. Нова неизвесност носи Шведска која не дозволува на Словенија да се одлепи и во 50 минута, резултатот на семафорот гласи 19:19. Беше и 23:23, но благодарение на нов погодок на Мавсар, Словенија поведува со 24:23 и псотигнува уште еден гол за конечни 25:23. Ова е голем триумф за Словенија кој ги остава во борба за пласман во следната рунда. Тамара Мавсар која игр за Вардар беше најдобар стрелец со 6 голови, додека нејзината соиграчка од црвено-црниот дрес, Барбара Лазовиќ го заврши мечот со 3 погодоци.

vardarfans-mavsar