Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Петмина играчи на нашиот тим ќе земат учество во двата репрезентативни кампови

Петмина играчи на нашиот тим ќе земат учество во двата репрезентативни кампови

Пет играчи на Вардар ќе учествуваат на двата репрезентативни кампови кои ги организираат поранешниот тренер на ФК Вардар, а денешен на репрезентацијата до 21 година Благоја Милевски и селекторот на А репрезентацијата Игор Ангеловски.

Во сениорскиот репрезентативен камп од нашиот им се најдоа голманот Филип Гачевски, потоа, играчите од средниот ред Дарко Велковски и Бобан Николов. Во младинскиот камп на Милевски ќе учествуваат Есмин Личина (капитенот на младинците на Вардар) и Петар Петковски. Кампот ќе биде одржан од 9 до 14 декември.