Изминатиов викен се комплетираше 9 коло во ракометната лига на шампиони. Во најсилната група Б во која настапува Вардар, победи забележаа екипите на Киелце, Пик Сегед и Загреб, додека Кристијанштад и Брест Мешков ги поделија бодовите.
Вардарци по тешка борба загубија во Полска од актуелниот европски шампион. Нит по трет пат не успеавме да славиме на ова тешко гостување, иако секогаш сме чекор блиску до тоа достигнување. Во најголем дел од натпреварот Киелце имаше водство, кое во чекор го следеше Вардар. На полувреме се замина со нивно водство од 15:12, додека имаа и највисоки 18:14 и 22:18. Сепак црвено-црните со една серија од 0:4 го израмнија резултатот на 22:22, па дури имаа и напад за водство, но Деревен не успеа да реализира. Киелце искористи неколку наши грешки за повторно да има солидни 26:23. Крајниот резултат гласеше 27:24. Дури тројца играчи кај Киелце постигнаа по 4 гола, тоа беа Агинагалде, Рајхман и Штрлек, додека кај Вардар најаефикасни беа Душеабев и Карачиќ со по 5 погодоци.
Во првиот натпревар од оваа група, Кристијанштад и Брест Мешков одиграа со нерешен резултат 29:29. На овој дуел Брест мешков покажа можеби повеќе, имаше константно водство, но повторно спасител за шампионот на Швеска беше голманот Небојша Симиќ кој натпреварот го заврши со 15 одбрани. На полувреме Брест Мешков имаше предност од два гола (15:17). Во последната минута од мечот се влезе со нерешен резулат и двете екипи имаа по еден напад кој не го искористија. Најпрво Кристијанштад лесно продаде една топка, додека во последниот свој напад Белорусите биеа преку Џамаили, но неговиот удар беше одбранет од Симиќ. Кај домашниот тим Толбринг постигна 6, додека најновото засилување за црвено-црните од следната сезона, Кристопанс беше најефикасен со 7 погодоци кај Брест Мешков.
ППД Загреб пред својата публика го победи Рајн-Некар и стигна до својата втора победа во групата. На овој меч гледавме две различни полувремиња, а првото му припадна на бундеслигашот кој имаше предност од 10:15. Првите десет минути од мечот поминаа во израмнета игра, но во продолжение Рајн-Некар постепено го зголемуваше водството. Сепак во вториот дел избранциите на Ивандија како препородени и на крилајта на својот голман, Скок направија серија од неверојатни 11:2 и поведоа со 21:17. За брзо Рајн-Некар постигна три последователни голови и намали на 21:20, но сепак домашниот тим повторно се врати во игра и ги врати оние највисоки четири голови разлика. Конечниот резултат на крај гласеше 25:21. Вори кај Загреб и Манасков кај Рајн-Некар постигнаа по 5 голови.
Пик Сегед ја продолжи серијата на победи и на домашен терен славеше против Целје П.Л. Само во првите седум минути, шампионот на Словенија имаше предност од два гола, кога резултатот беше 1:3 и 2:4. Потоа Пик Сегед ја презема доминацијата на теренот и набрзина успева да донесе предност. По истекот на првите 30 минути заминаа со солидно водство од 15:10. Оваа позитива ја одржуваа во текот на целиот втор дел и на крајот заслужено триумфираа со резултат 27:22. Калман беше предводник на Пик Сегед постигнувајќи 6 голови, додека кај Целје се истакна Жвижеј со 7 погодоци.
Како изгледа табелата после одигрување на ова коло:
1. Киелце 14
2. Пик Сегед 13
3. Вардар 12
4. Рајн-Некар 11
5. Брест Мешков 9
6. Целје 5
7. Загреб 4
8. Кристијанштад 4
Поради светското првенство кое е на програмата во јануари 2017 година во Франција, следниот меч за Вардарци во ЛШ е на 11-ти февруари на домашен терен против екипата на ППД Загреб.