Вардарци следен меч кој ги очекува на домашен терен во регионалното натпреварување, СЕХА лигата ќе го играат против словенски Целје. За овој дуел кој ќе се игра во Спортскиот центар “Јане Сандански“ може да набавите билет за само 50 денари.
Сите кои што сакаат да го следат натпреварот против екипата на РК Целје можат да купат билет на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” во периодот од 10 до 18 часот, или пак онлајн наwww.ticketplus.mk. Цената на билетот е 50 денари.
Повеќе информации може да се добијат и на:
Е-маил: info@ticketplus.mk
тел: + 389 2 401 980
Сите што имаат купено сезонски билети за РК Вардар или пак Вардар ПАС можат да присуствуваат на натпреварот само со приложување на сезонската картичка.