Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар останува непоразен во СЕХА-лигата, Карачиќ донесе бод за црвено-црните
Вардар останува непоразен во СЕХА-лигата, Карачиќ донесе бод за црвено-црните

Вардар останува непоразен во СЕХА-лигата, Карачиќ донесе бод за црвено-црните

Вардар по десет последователни победи во СЕХА-лигата одигра со нерешен резултат 28:28 против актуелниот освојувач на ова натпреварување. Вечерва во “Веспрем арената“ двете екипи ги поделија бодовитге во еден квалитетен и неизвесен натпревар.

Вардарци одлично го започнаа натпреварот и по седум минути имаа водство од 0:4, а Ангелов забележа три одбрани. Првиот погодок домашниот тим го постигна со удар од седум метри преку Гајиќ. Нашиот шампион продолжи со добрата игра, пред се нашата одбрана беше нерешлива енигма за Весрем која во тие моменти функционираше безпрекорно. Со првиот погодок на Чупиќ од пенал, Вардар стигнува до предност од 1:6. Во наредните пет минути, противникот успева да направи серија од 4:1 и да намали на 5:7. Вардарци се до 21 минута беа во постојано водство кое се движеше од 2-3 голови разлика. Сепак до крајот на првото полувреме Веспрем успева да се врати комплетно во мечот и на одмор да се замине со нерешен резултат од 12:12. Петар Ангелов беше еден од нашите подобри поединци во овој дел од мечот.

Стартот на вториот дел им припадна на Веспрем, кои во 31 минута за прв пат поведуваат на овој натшревар а во следниот напад стигнуваат и до два гола разлика 14:12. Вративме набрзина со два гола на Фереира за израмнување на резултатот и го вративме натппреварот од почеток. Во вториот дел шанса да игра доби Вуко Борозан кој постигна два ефектни гола, за ново израмнување на 17:17. Шишкарев не успева да постигне три зицер удари, а тоа немилосредно го казнува Веспрем кој се одлепува на највисоки три гола предност (20:17) во 44 минута од дуелот. Вардар не успева да го искористи ниту црвениот картон кој беше доделен на Чема Родригез и наместо да намалиме, Унгарците постигнуваат нов гол и победуваат веќе со 22:18. Сепак нашиот шампион не помислува да се предаде и со голот на Лука Циндриќ намалува на 22:20 на десет минути пред крајот. Нова неизвесност носи Дибиров и тоа во два наврати намалува на само еден го разлика. На три минути пред крајот Веспрем стигнува до три голови предност со кои беше поблиску до триумфот. Борозан со својот петти погодок од исто толку обиди и во следниот напад на Циндриќ намалуваме на 28:27 на минута и пол до крајот. Веспрем имаше напад за плус два гола, но направи прекршок по што Вардар имаше обид да го израмни резултатот. На помалку од десет секунди пред крај, над Марсениќ беше направен фаул по што судијата покажа на седум метри. Сигурен реализатор беше Игор Карачиќ кој погоди за конечни 28:28.

Вардарци останауваат на првото место на табелата со 32 освоени бодови. Денес најефикасен кај нас беше Циндриќ со 6 голови, додека Дибиров и Борозан постигнаа по 5.