Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар во ВРХЛ лигата стартува со дерби против Будуќност (распоред)
ЖРК Вардар во ВРХЛ лигата стартува со дерби против Будуќност (распоред)

ЖРК Вардар во ВРХЛ лигата стартува со дерби против Будуќност (распоред)

Како што веќе е познато по инцијатива на ЖРК Вардар клубовите се договорија за возобновување на Регионалната женска ракометна лига (ВРХЛ). За истата сега е утврден и распоредот на натпревари на трите турнири од т.н. регуларниот дел од сезоната.

Три турнири се играат по принципот секој со секого, во два  дена. Потоа ќе се игра завршен Ф-4 турнирот. Истиот ќе се игра    во април во нашиот главен град Скопје. Поточно ќе се одигра на 25 и 26 април во СЦ „Јане Сандански” во Скопје.  ВРХЛ лигата сезонава ќе ја играат четири тима: Вардар, Будуќност, Подравка и Крим. Уште во првото коло на ВРХЛ на турниот чиј домаќин ќе биде Подгорица ќе играме со црногорскиот првак Будуќност, на 15 јануари. Интересен факт е  дека против Будуќност треба да играме и во првото коло од Главната фаза во Л.Ш на 29 јануари во Подгорица.

Распоред на натпревари на сите турнири во ВРХЛ лигата сезонава

Турнир 1
домаќин – Будуќност (15/16 јануари 2017)
* сабота – 15.01.2017
Крим – Подравка
Вардар – Будуќност
* недела – 16.01.2017
Подравка – Будуќност
Вардар – Крим

Турнир 2
домаќин – Подравка (25/26 март 2017)
* сабота – 25.03.2017
Будуќност – Крим
Подравка – Вардар
* недела – 26.03.2017
Будуќност – Вардар
Подравка – Крим

Турнир 3
домаќин – Крим (1/2 април 2017)
*сабота – 1.04.2017
Будуќност – Подравка
Крим – Вардар
* недела – 2.04.2017
Вардар – Подравка
Крим – Будуќност

Ф4 турнир
домаќин – Вардар (25/26 април 2017)
* вторник – 25.04.2017
полуфинале 1 – 4 од регуларен дел
полуфинале 2 – 3 од регуларен дел
* среда – 26.04.2017
меч за 3 место
меч за 1 место