По долга пауза од седум месеци поради повреда Вардаровиот атлетски “бисер“ Марко Ивановски се врати на тренинг. Последен настап за овој црвено-црн атлетичар беше кога Ивановски на почетокот на месец мај настапи на најголемиот атлетски настан во земјава, Скопскиот маратон-2016.
Тој на “Скопски маратон-2016“ како “пејс мејкер“ хируршки прецизно ја водеше групата за резултат 1 час и 45 минути. За жал, тој потоа ја обнови повредата на р`бетниот столб и задната ложа по што мораше долг период да се рехабилитира од истата. Треба да се истакне дека нашиот Ивановски е најлојаниот Вардаров атлетичар, бидејќи цели 16 години е во црвено-црниот дрес. Марко своето деби го забележа далечната 2001 година. Тогаш кога сите си заминаа од Вардар, Ивановски беше единствениот кој што остана. Се до доаѓањето на младиот Петре Завировски, Марко Ивановски беше единствениот кој што ги бранеше боите на Вардар. Марко Ивановски го предводи тренерот Трпе Мартиновски. Сите знаеме какви резултати поседува Ивановски.
Многу малку му е потребно за да згрми со својата фантастична брзина. Конкуренцијата ќе има уште еден Вардаров кошмар!