Гонзалез се соочува со сериозни проблеми пред денешниот дерби натпревар во СЕХА регионалната лига. Покрај “столбот” во одбраната на Вардар Абутовиќ, кој нема да настапи ниту на денешниот натпревар, исто така и шпанецот Жоан Кањељас нема да настапи поради мала повреда.
Левиот бек на Вардар заработил незгодна поведа на стапалото на натпреварот во Полска против Келце. Ова значи дека вардарци на овој натпревар ќе настапат со тројца голмани, но без два квалитетни играчи во нападот и одбраната. Натпреварот започнува во 18 часот.