По завршувањето на двата квалификациски дена од Државно поединечно првенство за Сениори и Јуниори најдобрите осум куглари минаа понатака. Место во најдобриот “октет“ обезбедија и тоа како лидери по двата круга нашите вардарци Димитар Димитровски и Бојан Влаќевски.
Место во топ-8 имаат: двајцата наши црвено-црни момци , пет куглари од шампионот Макпетрол и еден играч на КК ГТЦ Мусандра. Двојките во четвртфиналетоформираа според пласманот по клуч 1-8, 2-7, 3-6, 4-5. Со овој начин ние добивме два играчи од “пумпашите“ за противници во 1/4-финалето. Може да бидеме задоволни бидејќи нашиот куглар, Влаќевски веќе е полуфиналист. Тој порано го одигра својот дуел со Александар Соколовски од екипата на шампионот КК Макпетрол. Помалку и очекувано тој ја оправда фаворитската улога однесе победа со 47 “соборени дрва“ позитива. Победувајќи 3-1 во “сетови“ тој собори 597 “дрва“, а неговиот противник од тимот на “пумпашите“ стигна до бројката 550. Влаќевски во ова 1/4-финале влезе како лидер по квалификациите. Второпласираниот нашиот лидер и дел од ударното дуо на Вардар, Димитар Димитровски ќе настапи во 1/4-финалето кое ќе се игра на 10,12,2016г, сабота во кугланата при СЦБТ со почеток во 11-00 часот. Очекуваме тој исто така да ја оправда фавориската улога на овој дуел. Тој ќе се сретне со играчот на КК Макпетрол, Ивица Матиќ во овој дуел. Според планот на 21.12/2016 e закажано 1/2-финалето, апак на 28.12/2016 е закажано големото финале на ова кугларско натпреварување во кое се надеваме дека ќе уживаме во “братски дуел“.