Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кликовац до прва победа на ЕП, Херем подобра во дуелот со Пенезиќ и Човиќ
Кликовац до прва победа на ЕП, Херем подобра во дуелот со Пенезиќ и Човиќ

Кликовац до прва победа на ЕП, Херем подобра во дуелот со Пенезиќ и Човиќ

Второто коло на европското ракометно првенство во Шведска го одиграа четири ракометарки од Вардар. Победи забележаа Камила Херем со Норвешка и Андреа Кликовац со Црна Гора.

Во дуелот на Норвешка и Хрватска подобри беа скандинавките кои славеа убедлив триумф со резултат 34:16. Хрватска добро го започна мечот на кој имаше водство од 1:3 и се до единаесетата минута имаа два гола позитива. Сепак Хрватска во еден момент остана со двајца играчи помалку на теренот кои добија исклучувања, а тоа немилосрдно го користи Норвешка за да го преземе водството од 8:7. Следеше период од пет минути кога двете репрезентации не го пронајдоа голот кон мрежата. Сепак Норвежанките до крајот на првиот дел прават серија од 7:2 и на полувреме заминуваат со предност од 15:9.

vardarfans-penezik

Норвешка продолжи во силно темпо да го игра и второто полувреме и веќе во 40 минута имаа двоцифрена предност од 22:12. Хрватска немаше сили да парира на ваквата доминантна игра на противникот, кој постојано го зголемуваше водството. Само четири погодоци за Хрватска до крајот на мечот, ги чинеше убедлив пораз на крајот од натпреварот. Пенезиќ повторно беше најефикасна во својата репрезентација со 4 голови, додека Човиќ не се запиша во листата на стрелци. Кај Норвешка, Камила Херем исто така беше стрелец на четири погодоци.

Црна Гора ја забележа својата прва победа и ги зголеми шансите за пласман во следната рунда. Избраничките на Драган Аџиќ минимално го добија мечот против Чешка. Се до 20 минута, репрезентацијата на Црна Гора имаа постојано водство, започнаа со головите на Кликовац за предност од 3:1. Имаа водство и од 5:3 и 7:4 но во 20 минута Чешка со неколку сврзани погодоци го израмнува резултатот на 7:7. Сепак на полувреме со голот на Јауковиќ, Црна Гора успева да замине на одмор со минимална предност од 13:12

Во првите 15 минути од второто полувреме повторно Црна Гора има постојано водство и контрола на резултатот, каде ги враќа оние највисоки 17:14. Чешка не се предаваше и бараше начин да се врати во натпреварот, резултатот цело време се движеше од 2-3 голови предност за Црна Гора. Последните две минути донесоа неизвесна завршница, каде Црна Гора имаше два гола предност, но Чешка намали на еден гол негатива, дури имаа и напад за израмнување, но тоа не се случи. На крајот конечниот резултат гласеше 28:27. Единствената Вардарка на овој натпревар, Андреа Кликовац постигна 3 голови. Во петок Црна Гора за противник ќе ја има селекцијата на Унгарија.