Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор утре ќе го одигра последниот меч годинава, домаќини сме на лидерот РК Охрид
Вардар Јуниор утре ќе го одигра последниот меч годинава, домаќини сме на лидерот РК Охрид

Вардар Јуниор утре ќе го одигра последниот меч годинава, домаќини сме на лидерот РК Охрид

Младиот вардаров сениорски машки колектив, екипата на РК Вардар Јуниор изминатото коло стигна до својата третта победа во најсилната Супер лига. Откако  беа подобри од екипата на Работнички. Овој дуел се одигра во С.Ц. Форца, каде Работнички беше домаќин, со овој триумф успеавме да врземе првпат сезоната две победи едноподруго.

Избраниците на Стојан Петрушевски, момците од  Вардар Јуниор утре во петок ќе го одиграат последниот натпревар во 2017 година во рамките од машката Супер лигата. Не очекува навистина тежок дуел, ние ќе бидеме домаќини на лидерот на табелата екипата на Охрид  која ни доаѓа од истоимениот град. Ова е во меч од 14 коло, дуелот ќе се игра   со почеток во 18,30 часот. Истиот ќе се одигра во Спорско рекреативниот центар „Кале”-Скопје. Во суперлигашката конкуренција по ова 12.коло  следува пауза. Последните четири кола од т.н регуларен дел ќе се одиграат по завршувањето на Светското првенство.