Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Убедлива полусезона за Вардаровата генерација “2002“ во регионалната Скопска лига
Убедлива полусезона за Вардаровата генерација “2002“ во регионалната Скопска лига

Убедлива полусезона за Вардаровата генерација “2002“ во регионалната Скопска лига

 Финишираше есенскиот дел од сезоната во регионалната скопска лига, за генерации родени “2002“ и “2003“ година. Фудбалскиот клуб на Вардар од “2002“ завршија како вицешампиони во овој дел од натпреварувачката сезона. Избраниците на Петар Ѓорѓиевски забележаа девет победи и само еден пораз, кој беше службено изгубен во дуелот против Работнички, на кој нашиот состав го напушти теренот на алумина поради чудни одлуки на судиската тројка на тој натпревар. На останатите натпревари Вардарци немаа поголеми проблеми со противниците, освен на дуелите со Металург и Милано кој ги добивме минимално другите мечеви завршуваа убедливо во наша корист. Одбраната беше неприкосновна на црвено-црните, каде во есенскиот дел примивме само еден официјален гол и тоа против Металург, ако не се земат во предвид оние три кои служебено му беа доделени на Работнички.  Во нападот беа ефиксни и постигнаа 45 голови во противничките мрежи.

325-660x330

Ова се сите постигнати резултати за Вардаровата генерација родени “2002“ во есенскиот дел од сезоната:

1 коло: Вардар – Башкими  6:0

2 коло: Работнички – Вардар 3:0  ( службено)

3 коло: Вардар – Форца  4:0

4 коло: Вардар – Металург  2:1

5 коло: Вардар – Шкупи  5:0

6 коло: Милано – Вардар  0:1

7 коло: Вардар – Њу Старс  7:0

8 коло: Ново Лисиче – Вардар  0:6

9 коло: Вардар – Скопје   7:0

10 коло: Вардар – Куманово  7:0

На пролет ги продолжуваме настапите во националниот куп, каде се пласиравме во полуфиналето на убедлив начин. Тука забележавме три победи, против екипите на Башкими и Гостивар. Постигнавме дури 13 голови, додека примивме 3.

Куп 1/8 Вардар – Башкими  7:0

Куп 1/4 Вардар – Гостивар  2:1

Куп 1/4 Гостивар - Вардар  2:4

Што се однесува до најдобрите стрелци на оваа екипа, тука е многу тесна листата на играчи кои се издвојуваат со своите постигнати голови. Сепак првото место му припаѓа на Леонид Игнатов кој постигна 11 гола, додека дури три играчи зад своето име запишаа по 9 погодоци во есенскиот дел. Се земаат во предвид головите во двете натпреварувања ( лига и куп).

vardarfans-omeragik

1. Леонид Игнатов  11  ( 8 -лига, 3-куп)

2. Азер Омерагиќ 10 ( 7-лига, 3-куп)

3. Марио Илиевски  9 ( 8-лига, 1-куп)

4. Атом Фазлиу   9   ( 7-лига, 2-куп)

5. Харбин Речица  8  ( 6-лига, 2-куп)

6. Анатолиј Петејчук  4 ( сите во лига)

7. Ринор Исени  2 ( 1-лига, 1-куп)

8. Фисник Салиу, Виктор Крстевски, Дарко Димитров по 1 гол