Денеска на фудбалската академија на ФК Вардар, пионерите на Вардар одиграа пријателски натпревар со пионерите од фудбалскиот клуб на Македонија ЃП. Овој натпревар донесе многу возбудувања на двете страни. По првиот дел пионерите на Македонија ЃП дојдоа до предност од 2:0 со головите на Филип Алексоски и Бесар Фејзулау. Во вториот дел и двете екипи имаа свој шанси за погодоци. На едната страна играчите на Вардар пропуштија неколку добри можности за гол, а на другата, Никола Велигденов два пати ја погоди стативата од голот на Вардар. Со овој резултат и заврши денешниот натпревар. Во редовите на Вардар на овој меч не настапија неколку стандардни играчи од првиот тим, како Антовски и Бериша кои се дел од академијата на Македонија и без Битиќи кој поради настинка го пропушти денешниот контролен натпревар.
Исто така, денеска, и помладите пионери на Вардар одиграа пријателски меч со Македонија ЃП. Овој натпревар Вардарци го загубија со резултат 1:0. Стрелец на единствениот погодок на овој натпревар беше Никола Силјановски.