Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Анастасија Николовска: Секој натпревар е ново искуство и секоја минута е битна за понатака
Анастасија Николовска: Секој натпревар е ново искуство и секоја минута е битна за понатака

Анастасија Николовска: Секој натпревар е ново искуство и секоја минута е битна за понатака

Екипата на ЖРК Вардар СЦЈС стигна до нова победа во супер лигата, откако во спортскиот центар Јане Сандански беа подобри од екипата на Пелистер. Уште по првото полувреме имавме водство од 21:6, по што беше јасно кој ќе ги освои бодовите на овој дуел. Во второто полувреме само ја зголемувавме предноста, за на крај да зебележиме триумф изразен со резулат 43:13. На овој меч посебно се истакна Анастасија Николовска која потекнува од младинскиот погон на клубот. Таа мечот го заврши со пет постигнати голови.

-По победата со Пелистер бев задоволна од придонесот, но сметам дека секогаш може подобро. Игравме тимски и константно го одржувавме резултатот. Во “Јуниор“ одлично сме прифатени уште од самиот почеток и многу ми беше лесно да се прилагодам во таа средина. Секој натпревар е ново искуство и секоја минута е битна за понатака. Во Челинч купот и во супер лигата очекуваме и се надеваме на нови победи, изјави Анастасија Николовска за нашиот сајт.

Звонко Ивановски