Уште еден дерби натпревар денес на програмата во ракометната “Јуниор“ лига. Овој апт во машкиот дел кај генерација родени 2002/-3 година се сретнаа екипите на РК Преспа-Вардар и РК Делчево. Во еден интересен натпревар како што му доликува на едни од најдобрите машки екипи, триумфот им припадна на РК Преспа-Вардар.
Избраниците на Горан Велков подобро го отворија натпреварот и поведоа со 1:3, но РК Преспа брзо врати и со серија од 6:0 успева да се одлепи резултатски за предност од 7:3. Имаше екипата од Ресен водство и од 8:4, но за да биде неизвесно и во второто полувреме, Делчево постигна три последователни голови и намали на 8:7. Сепак последните два погодоци во првиот дел им припаднаа на РК Преспа, за резултат од 10:7 на полувреме.
Во второто полувреме, РК Преспа имаше контрола на резултатот и беше во постојано водство. На моменти РК Делчево намалуваше на два гола негатива, дури во последните пет минуту стигнаа до само еден гол заостанување зад РК Преспа (14:13). Преспа беше посконцентрирана во последните минути и на крајот славеше победа со резултат 16:13. Мартин Табаковски постигна 8 гола кај Преспа, додека кај поразените се истакна Јован Петровски со 5 погодоци.