Вчера на програмата во женската кошаркарска лига беше новото коло, во истото во петтиот дуел за црвено-црните девојки остваривме нов триумф. Женската екипа на Вардар гостуваше во Битола кај домашната екипа на ЖКК Пелистер и однесе гостинска победа со резултат 52-57.
Со овој триумф врзавме четири од четири победи во низа и по првиот пораз во 1.коло со шампионот Бадел 1862 сме во победничка низа од четири меча едно подруго. Со оваа победа имаме вкупно 9 бода со кои се зацврстивме на втората позиција на табелата во првата женска кошаркарска конкуренција. Црвено-црните девојки досега постигнаа 297 поена во првенството или имаат просек од 59,40 постигнати поени. Освен Пелистер пред нашите девојки досега паднаа, МНА Кожувчанка, Шкупи и ЖКК Струга 2009, што е одличнен скор за тим кој беше возобновен оваа сезона по претходна пауза.