Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Марсениќ: Мислевме дека многу порано ќе го решиме мечот, но сепак победа си е победа
Марсениќ: Мислевме дека многу порано ќе го решиме мечот, но сепак победа си е победа

Марсениќ: Мислевме дека многу порано ќе го решиме мечот, но сепак победа си е победа

Екипата на РК Вардар стигна до својата единаесетта победа во СЕХА-лигата. Ова беше последен меч за црвено-црните пред својата публика за годината која полека изминува. Ова беше трето сочување со екипата на Целје, а второ во ова натпреварување. Повторно како побеник излезе нашиот ракометен шампион, кој славеше со резултат 33:31. По натпреварот свои видувања за натпреварот дадоа Борут Машковчек и Мијајло Марсениќ.

Ова беше еден тежок и пред се квалитетен натпревар. Можеби во првото полувреме игравме лошо во одбраната , што на крајот не чинеше и пораз, на кратко прокоментира играчот на Целје, Борут Машковчек.

Знаевме дека нема да биде лесно, но дека ќе биде неизвесно до последната минута искрено не очекувавме. Мислевме дека многу порано ќе го решиме мечот, но сепак победа си е победа. Екипата на Целје во првото полувреме ни задаваше проблеми преку нивните бекови, но мислам дека во вториот дел малку ги затворивме. Во вториот дел повеќе грешевме во нападот и не успеавме да се одлепиме резултатски на поголема предност. Сепак во последните минути со неколку паметни потези во нападот заслижено победивме, рече Марсениќ.