Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КОШАРКА! Девојките на Вардар триумфално низ Битола, со победата над Пелистер се зацврстивме на втората позиција

КОШАРКА! Девојките на Вардар триумфално низ Битола, со победата над Пелистер се зацврстивме на втората позиција

ПОБЕДНИЧКО СЕЛФИ!

ПОБЕДНИЧКО СЕЛФИ!

Вчера на програмата во женската кошаркарска лига беше новото коло, во истото во петтиот дуел за црвено-црните девојки остваривме нов триумф. Женската екипа на  Вардар гостуваше во Битола кај домашната екипа на ЖКК Пелистер и однесе гостинска победа со резултат  52-57.

Т А Б Е Л А !

Т А Б Е Л А !

Со овој триумф врзавме четири од четири победи во низа и по првиот пораз во 1.коло со шампионот Бадел 1862 сме во победничка низа од четири меча едно подруго. Со оваа победа имаме вкупно 9 бода со кои се зацврстивме на втората позиција на табелата во првата женска кошаркарска конкуренција. Црвено-црните девојки досега постигнаа 297 поена во првенството или имаат просек од 59,40 постигнати поени. Освен Пелистер пред нашите девојки досега паднаа, МНА Кожувчанка, Шкупи и ЖКК Струга 2009, што е одличнен скор за тим кој беше возобновен оваа сезона по претходна пауза.