Селекторот на машката ракометна селекција Лино Червар денес го соопшти списокот од 30 ракометари кои ќе бидат во комбинација за настап на Светското првенство на почетокот на идната 2017 во Франција. Најголем шок е тоа што “министерот на одбраната“ првиот голман Борко Ристовски не е на списокот. Повикан е голман од вардаровиот втор тим Вардар Јуниор. Црвено-црните имаат четири имиња на списокот, едно од првиот тим капитенот Стоилов Стојанче и три момци од тимот предводен од Стојан Петрушевски младиот црвено-црн колектив РК Вардар Јуниор.
Списокот на повикани играчи од страна на македонскиот селектор изгледа вака : Дејан Манасков, Гоце Ојлевски, Давор Палевски, Гоце Георгиевски, Никола Костески, Стојанче Стоилов- (РК Вардар), Никола Марковски, Жарко Пешевски, Велко Марковски, Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Филип Талевски, Марко Неловски, Стефан Дрогришки, Ристо Арнаудовски, Влатко Митков, Мартин Манасков-(Вардар јуниор), Филип Миркуловски, Васко Андоновски, Мартин Поповски-(Вардар јуниор), Мартин Велковски, Горан Крстевски, Благојче Трајковски, Даниел Ѓорѓески-(Вардар јуниор), Бојан Најдовски и Јовица Младеновски.