Норвешка стигна до својата четврта победа, прва во новоформирана група 2 на европското ракометно првенство во Шведска. Норвешка за која настапува Камила Херем беше подобра во дуелот со селекцијата на Данска.
Норвешка на стартот наметна силно темпо, кое резултираше со серија од 6:0 за убедлив старт на мечот. Сепак во продолжение од натпреварот Данска успева да воспостави резултатска рамнотежа, врати со пет погодоци за намалување на само еден гол негатива. Сепак до крајот на првиот дел, Норвешка ја врати предноста која ја имаше на стартот од натпреварот и на полувреме замина со предност од 14:9.
Во вториот дел Норвеша во првите 10 минути го одржуваше ова водство, но како одминуваше натпреварот, Данска се повеќе се приближуваше з на шет минути пред крајот да намали на еден гол разлика. Сепак во финишот, Норвежанките беа посконцентрирани и на крајот заслужено славеа со резултат 22:20. Камила Херем натпреварот го заврши со 2 постигнати голови.
Норвешка е прва на табелата со 6 освоени бодови, пред селекциите на Романија и Данска кои имат по 4 бодови.