Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Мириса на “вардарово братско финале“ дуото Влаќевски-Димитровски фаворити во 1/2фин. на Поединечно првенство
КУГЛАЊЕ! Мириса на “вардарово братско финале“ дуото Влаќевски-Димитровски фаворити во 1/2фин. на Поединечно првенство

КУГЛАЊЕ! Мириса на “вардарово братско финале“ дуото Влаќевски-Димитровски фаворити во 1/2фин. на Поединечно првенство

Уште кога почнаа првите квалификациски настапи на Државното поединечно првенство, а знаејќи ја нивната форма сезонава во Македонската кугларска лига и квалитетот кој ги краси вардаровото ударно дуо Димитровски-Влаќевски “најавија“ меѓусебно финале на крајот. Двата квалификациски круга тие ги завршија на позициите “еден-два“ со кои си обезбедија повластен распоред понатака во натпреварувањето.

Дојде и четвртфиналето во кое Влаќевски Бојан во  дуел со Александар Соколовски од екипата на шампионот КК Макпетрол, однесе   победа 3-1 во “сетови“. Тој собори 597 “дрва“,  а неговиот противник од тимот на “пумпашите“ стигна до бројката 550. Во другиот меч во кој Димитар Димитровски настапи успеја да ја впише највисоката победа во четвртфиналето од сите четири пара. Тој се стретна со играчот на “пумпашите“ Матиќ Ивица, покажувајќи му дека е разлика неколку класи од него. Димитар  го победи победникот со високи 4-0 во сетови, тој отиде на фантастични 665 соборени дрва. Следна етапа во ова натпреварување е 1/2 финале кое ќе се одигра на куглана „Мусандра“ на 21.12.2016г. Влегуваме како фаворити во двата дуела, сакајќи да играме братско финале на 28/12/2016  во кое нема да биде важен победникот бидејќи врвот ќе биде црвено-црн. Димитровски игра со Ибрахим Мемеди, апак Влаќевски за ривал го има Виктор Николовски.