За вториот женски ракометен сениорски колектив, тимот предводен од Симе Симовски екипата на Вардар СЦЈС останува само уште еден меч во оваа календарска 2016 година за одигрување, по кој девојките ќе заминат на зимска пауза. Тие во ова последно коло годинава ќе гостуваат на југот од земјава кај екипата на ЖРК Гевгелија во истоимениот град.
Нашите девојки минатото коло во натпреварот од женската ракометна Супер лига во нејзиното 12. коло однесоа голема победа против битолски ЖРК Пелистер. Девојките во домашниот дуел триумфираа со високи 43-13. Тој триумф беше деветта победа за Вардар СЦЈС во 11 меча колку што одиграа девојките во единствената женска лига во земајва. Последниот дванаесетти дуел ќе го имаме на 17 декември, сабота против Гевгелија. Вардарки се втори на табелата со 27 бода, пред нас е Металург со 36, но и меч повеќе одигран досега. Гевгелија со три победи во лигата е петтопласирана екипа во женската Супер Лига. Во првиот дуел кој се одигра на 22-ри октомври во спорскиот центар “Јане Сандански“ нашите девојки триумфираа убедливо над гевгелискиот тим со резултат 35-18.