Денес на теренот во населбата Ѓорче се одигра првиот од двата контролни натпревари помеѓу младинската и сениорската репрезентација на Македонија. Подобри беа помладите кои забележаа победа со резултат 2:1. На овој контролен натпревар настапија и играчи од нашиот фудбалски шампион.
Петар Петковски и младинецот Есмин Личина беа дел од младата селекција, додека кај сениорите настапија Бобан Николов и Дарко Велковски, додека на клупата беше нашиот голман, Филип Гачевски. Токму со погодоците на Петар Петковски, Македонија У-21 славеа со резултат 2:1. Погодоците на Петковски беа постигнати во првото полувреме, додека во вториот дел резултатот го намали Душко Трајчевски.